full screen background image
Search

General Tire ја зголемува понудата на теренските Grabber X3!

Експертите за теренски пневматици од General Tire со гордост објавија дека теренските пневматици со ознаката Grabber X3 сега се достапни во дури 38 верзии, а девет од нив имаат црвени странични ознаки.

„Најновите димензии кои ќе бидат достапни од оваа есен ја вклучуваат и димензијата LT 265/60 R18“ – изјави Matthias Bartz, кој е Business Development Manager за нашиот регион, и додаде – „Оваа димензија одговара на пик-ак сегментот, во кој ги вбројуваме Ford Ranger, VW Amarok, Nissan Navarra NP300 и Jeep Wrangler. Со овие димензии сега имаме најширока гама на теренски пневматици на пазарот и можеме да го опремиме скоро секој SUV за теренски авантури.“

Американскиот бренд ги разви Grabber X3 пневматиците за да можат да се користат како на асфалт, така и надвор од него. Сепак, примарниот акцент е даден токму на теренското возење со однос 80/20 кога станува збор за теренско возење и возење на асфалт. Grabber X3 ги вклучува X Mud, X Dirt и X Rock технологиите за возење во кал, по земја и по камења, соодветно. Grabber X3 пневматиците се достапни во димензии од 15 до 20 инчи, а сите димензии се сертифицирани за брзини до 160 километри на час.

Компанијата General Tire е основата во 1915 година во Северна Каролина, САД, а од 1987-мата година е дел од семејството Continental. Од неодамна, General Tire е главен добавувач на NASCAR Euro Whelen шампионатот, чие финале ние го посетивме минатата година на тркачката патека во Золдер, Белгија. Ексклузивен увозник и застапник на пневматиците од понудата на General Tire се нашите пријатели од Мотоцентар.

Извор: PR General Tire



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.