full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW X7 Dark Shadow Edition изгледа злобно!

Dark Shadow едицијата на големиот SUV на BMW изгледа како да ќе му прилега одлично на негативецот во некој акционен блокбастер!

BMW X7 Dark Shadow Edition доаѓа во специјалната Frozen Arctic Grey металик боја која за прв пат се користи кај X-возило на BMW. Дополнително, големиот луксузен теренец добива High Gloss Shadow Line пакет од BMW Individual, па декоративните елементи околу прозорците, страничните ретровизори, предната маска и уште мал милион други детали се во сјајна црна боја. Секако, тука се и големите, 22-инчни M тркала во Jet Black мат црна боја, а купувачите ќе добијат и спортски издувен систем од BMW M.

Големиот SUV ќе можете да го добиете во конфигурација со пет или седум седишта, а во кабината ќе добиете и M Sport спортски управувач, седишта обвиени во супер-фина мерино кожа и уште неколку дополнителни BMW Individual детали.

Сите примероци ќе бидат во M50i конфигурација – а тоа значи 4.4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Од BMW кажуваат дека ќе бидат произведени „околу 500 примероци“ – па ако сакате еден, побрзајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.