full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави новиот 911 Turbo!

Porsche неодамна го претстави знаменосецот на 911-гамата, а денес ја гледаме „послабата“ изведба која има „само 580“ коњски сили!

Porsche 911 Turbo S има 650 коњски сили, забрзува до 100 километри на час за 2.7 секунди и постигнува максимални 330 километри на час. Но Porsche денес го претстави 911 Turbo – без онаа круцијалната S-значка на крајот. Што значи тоа? Тоа значи дека „обичниот“ 911 Turbo располага со 580 коњски сили и 750 Nm вртежен момент – доволни за лансирање „до стотка“ за 2.8 секунди и максимална брзина од 320 километри на час.

Секако, исто како и Turbo S, и новиот 911 Turbo ја пренесува силата кон сите четири тркала преку 8-брзински PDK менувач со двојна спојка. Може да се нарача со две верзии на PASM суспензијата на Porsche – едната се вика PASM Sport и доаѓа со специјална калибрација и автомобилот е 10 милиметри понизок. Секако, тука е и PDCC системот за контрола на стабилноста со активен анти-рол систем, а можат да се добијат и уште милион други додатоци…

Визуелно, разликите меѓу 911 Turbo и 911 Turbo S се скоро незабележителни. Всушност, најлесно ќе ги разликувате преку завршетоците на издувниот систем – кај 911 Turbo S тие се овални, додека кај 911 Turbo се правоаголни. Секако, 911 Turbo добива и моќни сопирачки, а можете да нарачате и Porsche Ceramic Composite Brakes доколку сакате.

Новиот Porsche 911 Turbo е веќе достапен во Coupe или Cabriolet изведби.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.