full screen background image
Search

Audi Q4 Sportback e-tron Concept е најава за компактен, електричен Coupe-SUV

Q4 Sportback e-Tron е најава за серискиот модел кој покрај „обичниот“ Q4 e-Tron ќе започне да се продава од следната година.

Audi минатата година го претстави Q4 e-Tron концептот, а новиот концепт кој го гледаме денес е во суштина купе-изведба од концептот прикажан лани. Сепак, добива свој, засебен идентитет – спортските дизајнерски елементи се уште поистакнати, светлата се уште поостри а браникот е со поголеми отвори за насочување на воздухот. Задниот дел има претрпено највеќе измени – острата кровна линија му дава на Q4 Sportback e-Tron навистина спортски став, кој е дополнително истакнат и преку закосеното ветробранско стакло.

Q4 Sportback e-Tron Concept користи два електромотори, како и батериски модул со капацитет од 82 kWh. Оваа комбинација нуди системска моќност од 306 коњски сили и му овозможува на концептот да забрза до 100 километри на час за 6.3 секунди и да постигне максимални 180 километри на час. Автономијата – според строгите WLTP стандарди – е 450 километри, но од Audi веќе најавија и верзија која ќе биде само со погон на предните тркала и ќе може да помине повеќе од 500 километри со едно полнење. Дополнително, можно е полнење со максимална моќност од 125 kW, што ќе овозможи 80% од батеријата да бидат наполнети за само половина час.

Кабината добива управувач со зарамнето дно и дигитални инструменти, а на централната конзола се поставени голем, 12.3-инчен мултимедијален уред како и навистина интересни контроли за клима-уредот. Менувачот користи копчиња наместо некаква рачка, а сè во кабината е насочено кон минимализам и хај-тек атмосфера.

Од Audi навестуваат дека концептот е навистина блиску до серискиот модел, кој ќе биде претставен следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.