Jaguar подготви освежување за електричниот i-Pace. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar подготви освежување за електричниот i-Pace.

За новата моделска година, електричниот Jaguar i-Pace доби грст нови технологии и освежување на системот за полнење.

Првиот новитет кај освежениот i-Pace е новиот Pivi Pro инфозабавен уред. Според луѓето од Jaguar, новиот Pivi Pro  е „лесен и интуитивен за корсистење како паметен телефон.“ Функционалностите на Pivi Pro се достапни преку 10-инчен дисплеј на централната конзола, а кабината на Jaguar i-Pace добива и нов 5-инчен дисплеј под големиот, централен уред, како и освежен 12.3-инчен дисплеј поставен пред возачот. Меѓу другото, добива и нов безжичен полнач за мобилни телефони, а системот вклучува и Apple CarPlay и Android Auto поврзување.

Кабината добива и ClearSight дигитален централен ретровизор (како што за прв пат видовме кај новиот Range Rover Evoque минатата година), а може да се нарача и моќен Meridian аудио систем, надграден систем за 360-степенско надгледување, и уште неколку други новитети.

Интересен новитет е и Black Pack, кој овозможува многу од хромираните елементи да бидат заменети со црни, а достапни се и нови бои за каросеријата.

Jaguar i-Pace стандардно ќе доаѓа со полнач со моќност од 11 kW. Овој полнач овозможува со еден час полнење i-Pace да може да помине до 53 километри. Секако, доколку имате пристап до соодветно моќни полначи, i-Pace може да се полни и на полначи со моќност од 50, односно 100 kW. Батериите на i-Pace придвижуваат два електромотори со системска можност од 400 коњски сили и 696 Nm вртежен момент, а батеријата со вкупен капацитет од 90 kW овозможува автономија од 470 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.