full screen background image
Search

Освежување за Mercedes-Benz E-Class Coupe и Convertible!

Mercedes-Benz ја продолжува серијата освежувања со фејслифтираните E-Class Coupe и Convertible, како и E53 AMG изведбите.

Измените не се драстични, но сепак се доволно значителни за да го освежат луксузното купе, како и неговата кабриолет варијанта. Познавачите ќе забележат редизајнирани предни и задни светла, затегната форма на маската на ладилникот и уште неколку дискретни измени. Достапни се и четири нови бои – Cirrus Silver Metallic, Graphite Grey Metallic, Mojave Silver Metallic и Patagonia Red Metallic која е дел од Designo програмата. Купувачите можат да нарачаат и аеро тркала чија задача е да ја подобрат аеродинамиката.

Спортските AMG 53 верзии добивата Panamericana маска на ладилникот со 12 вертикални столбови, но и уште цел грст други спортски детали – редизајнирани и поагресивни браници, четири завршетоци на издувниот систем, како и 19-инчни тркала.

Кабината го добива најновиот MBUX оперативен систем со два дигитални екрани со дијагонала од 10.25 или 12.3 инчи, но и целосно-нов, интелигентен управувач напредно препознавање на рацете – а напредните сензори препознаваат кој седи зад управувачот. Чекор понатаму оди и системот за автоматско прилагодување на седиштето – сè што треба да направите е да му кажете на автомобилот колку сте високи, а тој автоматски ќе ја најде најдобрата возачка позиција.

Купувачите во Европа ќе можат да изберат меѓу неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори. Понудата започнува со E220d со 194 коњски сили, скалило над него е Е400 со 340 коњски сили. Бензинската понуда ја сочинуваат Е200 со 197 коњски сили, Е300 со 258 коњски сили и Е440 со 367 коњски сили. Е53 AMG добива 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри во линија кој испорачува 430 коњски сили и 520 Nm, како и дополнителни 22 коњски сили и 250 Nm вртежен момент од EQ Boost системот.

Поврзано:   Mercedes-Benz подготвува нов SL!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.