Porsche претстави не една, туку две Targa верзии на легендарниот 911.
Комплексниоот механички кров по кој всушност Targa го носи своето име го нуди најдоброто – цврста заштита од елементите кога е потребна, но и можност за возење под отворено небо кога условите го дозволуваат тоа. Од Porsche кажуваат дека кровот може да се отвори или затвори за само 19 секунди.
Инаку, 911 Targa 4 и Targa 4S користат 3-литарски шест-цилиндерски турбо-боксер кој испорачува 385, односно 450 коњски сили, како и 450, односно 530 Nm вртежен момент. Како што можете да погодите по „четворката“ во името, силата се пренесува кон сите четири тркала – па 911 Targa 4 забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди, додека на Targa 4S ѝ требаат само 3.6 секунди. Максималната брзина е 289, односно 304 километри на час.
Секако, двете верзии ја пренесуваат силата кон сите четири тркала преку PDK менувач со осум брзини, а Targa 4S ќе може да се нарача и со новиот мануелен менувач со седум брзини. Двете верзии добиваат и PASM активна суспензија, како и Porsche Torque Vectoring Plus системот за целосно варијабилна дистрибуција на вртежниот момент. 911 Targa 4S добива комбинација од 19 и 20-инчни тркала, додека кај 911 Targa 4S на предната оска се поставени 20, а на задната 21-инчни тркала.
Деталите околу цената сè уште не се објавени – но секако можеме да уживаме во фотографиите!