full screen background image
Search

Opel ја најавува новата Mokka!

Новата Opel Mokka е на пат. Секако, сè уште е камуфлирана, но веќе е подготвена за првите тестирања со инженерите на Opel.

Втората генерација на Mokka е целосно нова, а нејзината нова технологија темелно се тестира пред претставувањето на пазарот. Производството ќе започне во четвртиот квартал годинава. Првите автомобили ќе бидат електрични и треба да пристигнат кај клиентите на почетокот на следната година. Тест-автомобилите навестуваат кој е зад камуфлажата – големо жолто К на зелено-црните крила на тест возилата – К како во Mokka. Да, едноставно Mokka.

Новиот модел е мал и стабилен, но на многу попрогресивен и модерен начин – дури и поприлагоден на возењето во градот. Според она кое го кажуваат од Opel, купувачите ќе можат да уживаат во целосно-електричната верзија уште на самиот старт – но секако, Mokka ќе биде достапна и со мотори со внатрешно согорување. Иако сега за сега не можеме да видиме многу поради камуфлажата, сепак препознаваме јасни пропорции со кратки надвисоци и робустен дизајн. Од Opel кажуваат дека „Mokka го комбинира германскиот инженеринг со јасен, детоксиран дизајнерски јазик“ и дека Mokka ќе добие и целосно-дигитализиран ентериер.

Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер вели – „Повеќе од две години многу внимателно го следам развојот на новата Mokka и сум горд на овoj нов Opel, кој ќе биде електричен од самиот почеток! Можам да ветам дека новата Mokka ќе биде еден од највозбудливите автомобили во нашата долга историја. Оваа втора генерација претставува сè за што Opel се залага денес, и во иднина тоа ќе ја промени перцепцијата за нашиот бренд. Нашите инженери сè уште имаат важна работа, но јас очекувам наскоро да ја претставам новата Mokka“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.