Како дел од мерките за справување со кризата наметната од COVID-19, Порше Македонија неодамна воведе нова и корисна услуга за преземање на возилата за сервис.
Процедурата е прилично едноставна – сè што треба да направите е да закажете сервисен термин. Професионален сервисен техничар од Порше Македонија ќе дојде на вашата локација и ќе го преземе возилото. Возилото ќе биде внимателно однесено во сервисниот центар на соодветниот бренд, каде сите потребни работни операции ќе бидат извршени.
Потоа, возилото ќе биде темелно дезифинфицирано и испрано, и по сето тоа – ќе биде вратено онаму од каде е преземено.
Ваквите процедури се особено корисни и практични со оглед на настанатата ситуација со COVID-19. Со ова се намалува непотребното движење и непотребната физичка комуникација меѓу луѓето, а истовремено ќе бидете сигурни дека вашето возило е редовно одржувано и во најдобар ред.
За закажување на термин, контактирајте ги Порше Македонија или некој од нивните партнери ширум нашата земја. Можете да ги искористите и системите за онлајн закажување достапни за Volkswagen, Skoda, Audi и Seat.
Доколку сепак одлучите да посетите еден од салоните во рамките на Порше Македонија, бидете сигурни дека сите безбедносни мерки се почитуваат и се во полн ефект.