BMW: Седаните и понатаму ќе бидат важни! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW: Седаните и понатаму ќе бидат важни!

Баварците потврдија дека иако популарноста на SUV моделите не покажува знаци на намалување, сепак не се откажуваат од елегантните седани.

„Во минатото продававме само седани. Сега, скоро 60% од продажбата оди кај SAV моделите (BMW своите SUV возила ги нарекува Sports Activity Vehicle, или SAV)“ – изјави Domagoj Dukec, одговорниот за дизајн во BMW.

Сепак, Dukec објасни дека пазарното истражување на BMW идентификувало два естетски трендови – casual, односно секојдневно, и elegant – односно елегантна насока. Dukec оди чекор понатаму и прави паралела меѓу дизајнот на внатрешноста на домовите и автомобилскиот дизајн. Според него, отворените домови – домовите каде кујната и дневната просторија се споени, и каде можете велосипедот на сопственикот да го видите во самиот стан – се домови каде би живееле сопственици на SUV. Од друга страна, оние кои живеат во поелегантни домови, домови каде просториите се физички одвоени една од друга – тоа се купувачите кои се наклонети кон седани.

Тој кажува дека трендовите нема да се сменат многу и дека односот меѓу седани и SUV модели ќе остане некаде околу 50-50. „Да, седаните и понатаму ќе бидат релевантни. Мора да има и некакво модернизирање и еволуција на овој каросериски стил. Не може засекогаш да остане класичната three-box силуета на седанот – гледаме дека во Кина се бара повеќе елеганција и размислуваме во таа насока.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.