Ми-Да Гранд Моторс: Бесплатна услуга за сите медицински лица! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ми-Да Гранд Моторс: Бесплатна услуга за сите медицински лица!

Ми-Да Гранд Моторс се вклучува во поддршка на здравствените работници кои се во првите линии во борбата со COVID-19.

Нашите пријатели од Ми-Да Гранд Моторс продолжуваат со активностите кои се во насока на борбата со COVID-19. Како дел од политиката за општествена одговорност, Ми-Да Гранд Моторс овозможува бесплатна услуга (односно работна рака) при редовен сервис на возила од брендовите Ford и Hyundai за сите доктори, докторки и медицински персонал.

Од Ми-Да Гранд Моторс ги повикуваат сите кои работат во здравствениот сектор да ги контактираат и да го закажат својот термин. За повеќе информации, можете да ги контактирате Ми-Да Гранд Моторс на 02/3073 103, на сервисните веб-страници на Ford и Hyundai, односно на соодветните e-mail адреси за Ford и Hyundai.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.