Грст интернационални награди и признанија за Abarth! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Грст интернационални награди и признанија за Abarth!

Спортската дивизија Abarth освои неколку различни признанија и награди од неколку различни автомобилски медиуми!

Големиот број награди кои Abarth ги освои од почетокот на оваа година повторно го потврдуваат ентузијазмот кој брендот со шкорпија на логото го ужива како кај купувачите, така и кај автомобилските медиуми. По прославата на 70-годишнината на брендот минатата година, Abarth ја продолжува убавата приказна со триумф во два различни германски автомобилски магазини, како и со победи во Словенија и Унгарија.

Abarth освои три различни победи во три различни категории во рамките на Best Brands 2020 наградите кои ги организира германскиот Auto Bild. Читателите на Auto Bild му ги доделија на Abarth првите места во категориите најдобар дизајн, најдобар градски автомобил и најдобар кабриолет.

„Читателите на Auto Bild се навистина возбудени за Abarth 595/695, како и Abarth 124 Spider – доказ за што се победите во Best Brands натпреварот“ – изјави Luca Napolitano, кој е на чело на Fiat и Abarth брендовите за EMEA регионот.

Понатаму, Abarth доби награда и од читателите на Motorsport Aktuell – кои на Abarth 595/695 му ја доделија титулата „Тркач на Годината“. Дополнително, Abarth 595/695 освои прво место и во Minicar категоријата.

Понатаму, во Февруари Abarth освои престижни признанија и во Словенија и Унгарија, како дел од Best Cars 2020 наградите. Интернационалниот проект е основан од германскиот Auto Motor und Sport, а во него учествуваат 21 различен автомобилски медиум од 17 земји. Во Словенија, каде претставникот е Avto Magazin, му ја додели на Abarth наградата за најдобар мини автомобил, додека унгарската веб-страница vezzess.hu му додели три награди на италијанскиот бренд!

Честитаме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.