full screen background image
Search

Red Dot дизајн признанија за новите Peugeot 208 и Peugeot 2008!

Новите 208 и 2008 на Peugeot добија Red Dot признанија за дизајн – и со тоа дизајнерскиот јазик на Peugeot има дури шест од овие престижни награди.

Двата модели на Peugeot го импресионираа меѓународното жири со нивниот спортски дизајн и исклучителното мајсторство. Токму затоа, новите Peugeot 208 и Peugeot 2008 ја добија Red Dot Award наградата во категоријата „Product Design.“

Haico van der Luyt – управниот директор на Peugeot Германија – изјави дека „навистина сме горди да ја добиеме Red Dot Design наградата во оваа категорија, и тоа за два нови модели. Ова е понатамошен доказ дека сме на вистинскиот пат со нашата дизајнерска ДНК.“

Новиот 208 го импресионираше жирито со своите премиум амбиции, но и со спортскиот дизајн и чистите линии. Дополнително, од жирито го истакнаа новиот 3D i-Cockpit со тродимензионален панел со инструменти.

Новиот 2008 го импресионираше жирито со вертикалните LED дневни светла, како и острите линии на дизајнот – кои гарантираат дека дизајнот ќе биде енергичен, без разлика од каде го гледате автомобилот.

Ние веќе го возевме новиот Peugeot 208 на неговото лансирање во Португалија минатата година. Прочитајте ја нашата репортажа.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.