full screen background image
Search

Полека но сигурно расте интересот за електрични и електрифицирани возила.

Според статистиките, европските купувачи имаат сè поголем интерес за хибридните, плаг-ин хибридните и електричните возила – но и покрај тоа, пазарното учество на ваквите возила сè уште е прилично мал.

Во 2018, пазарниот на електрифицираните возила во Европа бил околу 3.8% – и тука ги вбројуваме хибридните, плаг-ин хибридните и електричните возила. Таа бројка е порасната во 2019, забележуваме на пораст на пазарниот удел на тоа – хибридните возила имаат учество од 3%, додека електричните и плаг-ин хибридните возила имаат по околу 1% од ново-регистрираните возила во Европската унија.

Тоа е мал удел за остварување на целите на Европската Унија до 2050 година. Патниот транспорт во Европа е најголем извор на CO2 гасови и учествува со околу 20 проценти во вкупната емисија на штетни гасови.

Со цел да ги поттикне развојот и продажбата на возила со нулта или ниска емисија на штетни гасови (до 50 грама CO2 на еден километар) од 2025 година во Европската Унија стапува на сила систем на кредити – па во зависност од уделот на вакви возила во вкупно продадените возила, производителите ќе добиваат „кредити“ за поголема емисија на CO2 од конвенционалните модели кои ги продаваат.

Со ЕУ директивата 2020/21 CO2 стандардот за нови возила е 95 грама на еден километар и производителите на автомобили веќе нудат околу 200 плаг-ин модели на електрични возила на пазарот во Европа. Дополнително, ограничувањето од 95 грама на еден километар ќе се намали за 15% во 2025 и 37.5% во 2030 година.

Акцентот на возила со нулта емисија на штетни гасови е јасен – доколку се земе предвид дека две третини од нафтата во Европската Унија се користи во транспортот. Струјата од обновливи извори е единствен енергенс кој Европската Унија може да го произведува локално. Нафтата и нафтените деривати учествуваат со околу една третина во вкупната потрошувачка на енергија во Европската Унија, но околу 90 проценти од потребите за нафта и нафтени деривати Европската Унија ги задоволува од увоз.

Со цел да се намали емисијата на штетни гасови, засега најдобра и најшироко распространета технологија за нулта емисија на штетни гасови се електричните возила на батерии, пишува во Извештајот на Европската федерација за транспорт и животна средина (ЕФТЕ).

Цените на електричните модели сѐ уште се високи во споредба со конвенционалните дизел и бензински возила, но ги следиме трендовите и забележуваме дека во некои сегменти се очекува да се изедначат со конвенционалните модели околу 2022 година.

Според Европската федерација за транспорт и животна средина најважни за потрошувачите во Европа се вкупните трошоци за поседување на возилото, односно при избор на ново возило купувачите ги земаат предвид и трошоците за гориво, одржување и регистрација и осигурување. Истражувањето на Организацијата на потрошувачи на Европската Унија покажува дека во 2024 година во просек трошоците за користење на електрично возило во текот на четири години ќе биде исто со тие за возење на бензинско или дизел-возило.

Извор: Макпетрол Инфо Поинт



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.