Brabus претстави тјунинг пакети за Mercedes GLE 300d и 400d – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus претстави тјунинг пакети за Mercedes GLE 300d и 400d

Реномираниот Германски тјунер создаде пакет за засилување на перформансите и дотерување на екстериерот на дизелските изведби на кросоверот GLE.

Пакетот наменет за моделот GLE 300d е наречен Brabus PowerXtra D30 и е всушност контролен модул на приклучок. Тој ја зголемува силата на 2.0-литарскиот четири-цилиндарски турбо-аспириран агрегат од 258 на 306 кс, кои ги постигнува при работа од 3,600 вртежи во минута.

Неговиот максимален вртежен момент е исто така зголемен од 620 на 690Nm и е достапен од 1,600 до 2,400 вртежи во минута. Како резултат, Mercedes-Benz GLE 300d забрзува од 0-100 км/ч за 6.0 секунди, 1.4 секунди побрзо од стандардниот модел. Максималната брзина е порасната на 229 км/ч.

Посилниот модел GLE 400d го добива модулот Brabus PowerXtra D40, кој го засилува 2.9-литарскиот реден шест-цилиндарски турбо-дизел од 330 на 370 кс при 4,200 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент е зголемен од 700 на 750 Nm, достапни од 2,500 вртежи.

Придобивките се забележуваат во вид на повпечатлива испорака на силата, пократко забрзување од 0-100 км/ч за 5.5 секунди и максимална брзина од 250 км/ч. За подобрена стабилност во свиоци, додаден е нов модул на воздушната суспензија кој го приближува автомобилот за 25 милиметри до подлогата.

Покрај пакетите D30 и D40, Brabus подготвува и дополнителни модификации за останатите погонски единици во гамата.

За дотерување на изгледот, Германскиот тјунер нуди нови аеродинамични додатоци и 29-инчни Monoblock фелни, обвиени во 295/35 ZR23 пневматици. Во понуда е и доработување на ентериерот, кој добива украсни плочки со светлечко лого на праговите, нови тапацири со ознаки на седиштата, алуминиумски педали, нови патосници и елементи од Алкантара, дрво и карбон.

Поврзано:   Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.