full screen background image
Search

ГАЛЕРИЈА: Новиот Mercedes-Benz GLE пристигна во Македонија

Пред неколку дена од Мак Аутостар пристигна информација дека најновата генерација на популарниот луксузен теренец – GLE – пристигна и кај нас.

Токму затоа ја искористивме можноста набрзина да седнеме зад управувачот на новиот GLE – односно, наследникот на некогашната ML-Класа – и да направиме неколку фотографии.

Новиот GLE доаѓа со многу, многу новитети – од новиот дизајн, па сè до целосно-новата кабина во која главниот збор гордо го зема MBUX инфо-забавниот систем на Mercedes-Benz. Во понудата ќе најдете неколку различни турбо-бензинци и турбодизели – понудата започнува од GLE 350 dе кој чини од 80.880 Евра, додека на самиот врв (сега за сега) е GLE 580 кој комбинира лајт-хибрид технологии за вкупно 490 коњски сили и кој чини од 115.980 Евра. Доколку сакате AMG-варијанта, сега за сега тука е Mercedes-AMG GLE 53 кој располага со 435 коњски сили и чини од 113.980 евра.

Моделот на сликата е Mercedes-Benz GLE 400d кој располага со 330 коњски сили. Оваа комбинација чини од 97.000 евра.

Секако – меѓу другото – ќе добиете и мал милион други технологии – а тука ќе ја издвоиме воздушната суспензија која успеа одлично да ги испегла нерамнините од нашите улици за време на нашето кратко возење со големиот германски луксузен теренец. Се надеваме дека во иднина ќе имаме можност подобро да се запознаеме со GLE, а сега за сега – погледнете ги фотографиите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.