Во салонот на Peugeot пристигна новиот 2008! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Peugeot пристигна новиот 2008!

Во салонот на македонскиот импортер на Peugeot – Еуроимпекс – неодамна пристигна и новиот SUV 2008!

Како што веќе знаеме – исто како и новиот 208, и новиот 2008 ќе може да се нарача со неколку различни погонски единици – но и како електричен автомобил. Доколку сакате бензинец, ќе можете да изберете меѓу неколку различни изведби на 1.2-литарскиот PureTech бензинец – со 100, 130 или 155 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, тука е 1.5-литарскиот BlueHDI со 100 или 130 коњски сили.

Конечно, доколку сакате електрична изведба, тука е e-2008 кој користи батериски модул со капацитет од 50 kWh и електромотор со моќност од 136 коњски сили. Автономијата на електрична енергија е сосем респектабилни 312 километри, а на брз полнач од 100 kW батеријата ќе може да се наполни до 80% за само 30 минути.

Инаку, новиот 2008 го карактеризира навистина храбар дизајн кој изгледа како да доаѓа од иднината. Секако, 2008 ја добива најновата интерпретација на i-Cockpit системот на Peugeot, а кабината нуди навистина многу, многу простор. Секако, достапни се неколку различни нивоа на опременост и на самиот врв е 2008 GT-Line.

Цените во Македонија започнуваат од 18.150 евра за Peugeot 2008 во Active ниво на опрема, придвижуван од 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 100 коњски сили. За повеќе информации, посетете го салонот на Peugeot или пак официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.