full screen background image
Search

General Tire ги лансираше новите „слик“ пневматици за 2020 NASCAR Euro

Ние минатата година бевме на финалето на NASCAR Euro шампионатот и си поминавме возбудливо – па со задоволство можеме да најавиме дека General Tire ги презентираше новите тркачки гуми!

Тркачите пневматици се во супер-специфични димензии – 300/700 R 15 и се користат на тркачките автомобили од серијалот. Пневматиците ги користат лекциите научени минатата сезона и нудат подобри управливост и перформанси, но и подобра издржливост. Пневматиците се тестирани на различни патеки и во различни услови – а сето тоа е со цел да се исполнат очекувањата на шампионатот.

Инаку, General Tire е партнер на NASCAR Euro Whelen Series од 2019 и ќе биде партнер најмалку шест години. Американскиот бренд кој е дел од Continental групацијата е официјален и ексклузивен добавувач на пневматици за шампионатот, а самите пневматици се произведуваат во Индијана, САД.  General Tire има огромно искуство со тркачки пневматици, бидејќи ги произведува од 1957-мата година.

Како што дознавме минатата година кога го посетивме финалето на NASCAR EURO Whelen Series на патеката Zolder во Белгија, пневматиците навистина мораат да исполнат строги услови – на тимовите им се дозволени само четири пневматици по возач за секоја трка, а во тоа се вклучени и квалификациите. Дополнително, возачите мораат да искористат два пневматици и за следниот настан – а тоа значи дека пневматиците не само што мораат да ги исполнат барањата за управливост и стабилност, туку мораат да бидат и навистина издржливи.

Новите General Tire пневматици ќе дебитираат на првата трка на NASCAR EURO Whelen серијалот која ќе се одржи на 25 и 26-ти Април на патеката Ricardo Tormo во Валенсија, Шпанија. Понатаму, шампионатот ќе продолжи во Brands Hatch во Обединетото Кралство, па Autodrom Most во Чешката Реплубика и Venray во Холандија. Плејоф натпреварите ќе продолжат во Септември во Autodromo di Vallelunga во Рим, Zolder во Белгија и финалето кое ќе биде на Hockenheim во Германија.

Извор: PR General Tyre



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.