Несекојдневна изведба на Mitsubishi Eclipse Cross пристигна во Скопје – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Несекојдневна изведба на Mitsubishi Eclipse Cross пристигна во Скопје

Mitsubishi започна да вградува модерен турбодизел во несекојдневното кросовер-купе, и токму таков примерок пристигна и кај нас.

2.2-литарскиот MIVEC турбодизел испорачува 150 коњски сили и 388 Nm вртежен момент, и ја испорачува силата кон сите четири тркала преку автоматски менувач со двојна спојка и 8 степени на пренос. Ова е интересна одлука, бидејќи турбо-бензинецот се нуди само со CVT бесстепена трансмисија. Според официјалните податоци, во комбинација со турбодизелот, Eclipse Cross може да забрза до 100 километри на час за 11.4 секунди и да постигне максимални 193 километри на час.

Инаку, изложената верзија има BLACK SAM пакет, како и карбон пакет со карбон-ефект детали на предната маска, страниците и задниот дел на возилото. Особено добро изгледа црната предна маска, која му дава значително подинамичен лик на Eclipse Cross. Секако, има уште многу, многу опрема и сите безбедносни технологии кои Mitsubishi ги нуди кај своите возила.

Цените за Eclipse Cross започнуваат од 23.980 Евра, а за повеќе информации обратете се во салонот на Mitsubishi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.