Suzuki Ignis добива естетско освежување и механичко модернизирање – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Suzuki Ignis добива естетско освежување и механичко модернизирање

Suzuki го освежи моделот Ignis, после четири години производство од неговото лансирање во 2016.

Измените на есктериерот се дискретни, но му даваат на моделот акцент на кросовер. Тие вклучуваат нов преден браник со нова решетка и редизајниран заден браник, кој му дава повпечатлив изглед. Во понудата се додадени и нови комбинации на бои за ентериерот, а тука е и редизајниран инструмент панел, како и нов мултимедијален екран на допир.

Најзначаните измени се наоѓаат под поклопецот. Таму сега се наоѓа надграден 1.2-литарски бензински агрегат, кој е опремен со систем за двојно вбризгување. Не се објавени спецификациите за Европската верзија, но Јапонската испорачува 90 кс. Благиот хибриден систем е исто така модернизиран и сега располага со литиум-јонска батерија со повисок капацитет од 10 наместо 3 Ah.

Овој систем може да ја складира кинетичката енергија која се ослободува при забавување и ја полни батеријата, која напојува мал електричен мотор. Тој му помогнува на бензинскиот агрегат при забрзување и ја намалува потрошувачката на гориво. Оваа погонска единица може да се добие стандардно со мануелен или опционално со CVT менувач.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.