full screen background image
Search

Continental PremiumContact 6 се Best in Test според германскиот ADAC

Покрај признанието од германскиот клуб на автомобили – ADAC – Continental доби признанија и од австрискиот ÖAMTC, како и швајцарскиот TCS.

Во тукушто објавените тестови, клубовите од Германија, Австрија и Швајцарија тестираа летни гуми во димензии 225/40-R18 и 235/55-R17. Вкупно 16 различни модели во димензии од 18 инчи беа тестирани, и Continental PremiumContact 6 стигна до првото место.

Дополнително, на тестовите на 17-инчни модели, наменети за SUV возила, комерцијални возила и поголеми лимузини, EcoContact пневматиците добија оцена „задоволително“ од ADAC, односно „препорачано“ од ÖAMTC и TCS. За тестирање на пневматиците, клубовите користеа Volkswagen Golf GTI и Ford Kuga.

Во тестирањето на PremiumContact 6, клубовите ги потенцираа одличните перформанси на овие пневматици на мокри патишта – и PremiumContact 6 доби врвни оценки пред сè за перформансите при сопирње и управување. EcoContact 6 пневматиците добија врвни оценки за ниска потрошувачка на гориво и абење на самите пневматици, а добија пофални зборови и за управување на суви патишта.

Извор: PR Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.