Само-управувачките возила се соочуваат со реалноста – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Само-управувачките возила се соочуваат со реалноста

До неодамна имаше предвидувања дека автономните возила ќе станат реалност до 2020 – но денес реалноста е сосем поинаква и се чини дека трошоците и комплексноста на ваквите системи се преголеми.

Едно неодамнешно истражување на Deloitte покажа дека интересот на купувачите за само-управувачки автомобили е во сериозен пад во изминатата година. Дополнително, дури и врвни луѓе од индустријата – каков што е извршниот директор на Volvo – Hakan Samuelsson – потврди дека само-управувачките возила се „поголем технички предизвик од она што мислевме.“

Претставник од Aptiv, еден од глобалните производители на компоненти за возила изјави дека пазарот е драматично променет за само 6 месеци и дека пониските нивоа на автономизација се земаат во предвид за приватни корисници, додека нивоата 4 и 5 на автономизација се земаат во предвид за комерцијални потреби – автоматизирани шатл возила и слични услуги.

За подобро да ги разберете нивоата на автономизација, погледнете го нашето детално објаснување за нив.

Според Carlos Tavares од PSA, и неговата компанија има сличен став. Тој изјави дека „не гледаме корисничка вредност во системите за асистенција над Ниво 3, највеќе заради достапност. Над тоа, трошоците стануваат стратосферски а вредноста не се зголемува правопропорционално.“ Сепак, тој потврди дека PSA веќе работи и на повисоките нивоа на автономизација, но дека тие се предвидени за споделена мобилност – автоматизирани шатл возила и робо-такси возила. „Таквите возила се споделуваат меѓу многу корисници, па можат да бидат и поскапи.“ – додаде тој.

Дополнителен проблем се и урбаните средини – трошоците за адаптација на урбаните средини кон предизвиците на автономните возила би биле огромни и надвор од досегот на локаните власти. Но автомобилските производители не се откажуваат – Volkswagen веќе го трансформираше Argo AI (во кој инвестираше 2.6 милијарди долари) во Volkswagen Autonomy, а BMW и Daimler заеднички работат на системи од 4-то ниво, за што посветија повеќе од 1000 екперти и инженери.

Извор: Automotive News Europe

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.