full screen background image
Search

Новата Toyota Supra сега е достапна и со 2-литарски турбо-бензинец

Toyota воведува нов „основен“ мотор во GR Supra – велиме „основен“ бидејќи 2-литарскиот турбо-бензинец испорачува 258 коњски или и 400 Nm вртежен момент.

2-литарскиот турбо-бензинец ја пренесува силата кон задните тркала преку 8-степен автоматски менувач, а од Toyota кажуваат дека со овој мотор, GR Supra забрзува до 100 километри на час за 5.2 секунди и постигнува (електронски ограничена) максимална брзина од 250 километри на час.

Овие перформанси се должат и на намалената тежина – со овој мотор, GR Supra е цели 100 килограми полесна од верзијата опремена со шест-цилиндерски мотор. Дополнително, моторот е поставен поназад во шасијата и благодарение на тоа, постигната е идеална 50:50 дистрибуција на тежината – што пак позитивно се одразува на управливоста и динамичноста.

Со цел да го прослави лансирањето на овој мотор на европскиот пазар, Toyota ќе им ја понуди на купувачите специјалната Fuji Speedway серија. Оваа серија добива уникатна металик бела боја, црвени странични ретровизори и 19-инчни тркала, додека кабината добива детали од карбон и делови пресвлечени во црвено-црна алкантара.

Продажбата на Toyota GR Supra опремена со 2-литарскиот турбо-бензинец ќе започне во Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.