Peugeot потврди – следниот 308 ќе добие плаг-ин хибридна верзија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot потврди – следниот 308 ќе добие плаг-ин хибридна верзија

Извршниот директор на Peugeot – Жан-Филип Импарато – потврди дека следната генерација на супер-популарниот хечбек ќе добие плаг-ин хибридна изведба, а дека не се исклучува ниту целосно-електрична верзија.

Во изјава за AutoNews, Жан-Филип Импарато потврди дека следната генерација на Peugeot 308 ќе добие плаг-ин хибриден погон, а призна и дека и електрична верзија на 308 е „во фаза на разгледување“ но дека и ако се случи да добие одобрување, ќе пристигне подоцна во животниот век на моделот.

„Да, ќе биде на EMP2 платформата, и прво ќе биде плаг-ин хибрид а понатаму можеби и електрична верзија. Нашите компактни возила и возилата од средната класа ќе добијат плаг-ин хибридни погони бидејќи тоа е начинот на кој треба да се направи промената од внатрешно согорување кон електричен погон.“

Со оглед на семејните врски во рамките нa Groupe PSA, тоа значи дека понатаму истиот погон ќе го добијат и новиот Citroen C4 (кој сега за сега, сè уште не е потврден, но познавачите кажуваат дека би можеле да ја видиме следната генерација во 2020), како и следната генерација на Opel Astra.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.