Peugeot со специјална понуда за 308 – Вози се со Style! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot со специјална понуда за 308 – Вози се со Style!

Нашите пријатели од Peugeot имаат специјална понуда за супер-популарниот 308, кој е достапен во Style ниво на опрема по специјална цена.

„Кога сте зад управувачот на Peugeot 308, допирот со патот претставува задоволство како никогаш порано. Дозволете смелиот и елегантен дизајн да го зајакне Вашиот карактер“ – ова е пораката со која Еуроимпекс ги повикува потенцијалните клиенти да искусат едно незаборавно возење со Peugeot 308.

Истакнатите линии на каросеријата и робустниот дизајн се препознатлив белег на брендот Peugeot. Па така и Peugeot 308 не е исклучок. И надворешно и внатрешно, посветено e внимание на сите детали.  Одликувајќи се со префинет профил на предниот браник, хаубата и решетката на ладилникот која е дизајнирана така да го интегрира легендарното лого на Peugeot брендот – Peugeot 308 веднаш привлекува сечие внимание.

Како модел кој е веќе докажан на пазарот и посакуван од купувачите, овој пат е во понуда со PEUGEOT i- Cockpit®, STYLE ниво на опременост и 1.2 L Pure Tech мотор со 110 коњски сили за 15.990€ (или 988.812 мкд).

Тест возења се достапни за закажување на телефон или директно на веб страницата на Peugeot. Можете да направите тест-возење секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, и сабота од 10:00 до 14:00 часот.

За повеќе информации посетете ги во продажните салони во Еуроимпекс или обратете се до нивната овластена дилерска мрежа. Секако, можете да го погледнете и нашиот тест на Peugeot 308.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.