ПРЕМИЕРА: McLaren го претстави ултимативниот роудстер – Elva! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: McLaren го претстави ултимативниот роудстер – Elva!

Elva е новиот роудстер на McLaren – кој користи 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 815 коњски сили и 800 Nm вртежен момент!

Инеженерите на McLaren тврдат дека Elva може да достигне 100 километри на час за помалку од 3 секунди и 200 километри на час за само 6.7 секунди – а тоа го прави новиот роудстер побрз од McLaren Senna.

Инаку, новиот роудстер е направен во чест на M1A, M1B и M1C спортските роудстери од 60-тите години, кои се всушност цивилни верзии на тркачки автомобили. Elva ќе пристигне на пазарот кон крајот на следната година, ќе биде произведен во само 399 примероци и ќе чини од околу 1.5 милиони евра.

Elva е првиот модел на McLaren кој добива Active Air Management System (AAMS) – кој всушност е супер-напреден систем кој го канализира воздухот низ предниот дел на автомобилот и го насочува со висока брзина пред патниците – и со тоа создава виртуелно „ветробранско стакло“. Луѓето од McLaren го нарекуваат Bubble of Calm – односно балон на смиреноста.

Плус, изгледа спектакуларно, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.