Porsche потврди – 911 Turbo и Turbo S доаѓаат следната година, Turbo S ќе има 650 коњски сили и ќе оди „до стотка“ за околу 2.5 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche потврди – 911 Turbo и Turbo S доаѓаат следната година, Turbo S ќе има 650 коњски сили и ќе оди „до стотка“ за околу 2.5 секунди!

Porsche објави неколку официјални фотографии од новиот 911 Turbo S – и тоа неколку месеци пред неговата премиера,  и ја искористи можноста да потврди некои од техничките детали околу супер-моќниот спортски автомобил.

Новиот 911 Turbo S ќе користи 3.8-литарски твин-турбо шест-цилиндерски боксер кој ќе испорачува 650 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Благодарение на PDK менувачот со двојна спојка и погонот на сите четири тркала, катапултирањето до 100 километри на час ќе трае само околу 2.5 секунди, додека максималната брзина ќе биде околу 330 километри на час.

Porsche 911 Turbo и Turbo S ќе добијат и активна суспензија, управување на задните тркала, како и карбон-керамички сопирачки со 10-клипни шепи кои ќе соработуваат со 420 милиметарски дискови на предните, односно 390 милиметарски дискови на задните тркала.

Колегите од Car & Driver неодамна имаа шанса да се повозат во пред-продукциски прототипови од новиот 911 Turbo и нивните впечатоци се мошне позитивни. Сепак, ќе треба да причекаме уште малку додека да ги добиеме сите официјални податоци  – премиерата е закажана за следната пролет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.