full screen background image
Search

Официјализирани преговорите меѓу FCA и PSA!

Вчера се појавија посериозни гласини, а денес беа потврдени преговорите за спојување меѓу двата автомобилски гиганти – Fiat Chrysler Automobiles и Groupe PSA.

Иако првите гласини се појавија уште пред неколку месеци, до денес немаше никава официјална потврда околу преговори и потенцијално спојување на двата автомобилски гиганти. Сепак, во две посебни изјави, двете компании денес потврдија дека има „тековни разговори“ кои би можеле да водат кон спојување.

Од PSA кажаа дека „Groupe PSA потврдува дека има тековни разговори кои имаат за цел да резултираат со креирање на една од најголемите автомобилски групации на светот.“ Само неколку часа подоцна, FCA го потврди она кое го објави PSA и додаде дека „нема ништо да додаде во овој момент.“

Статистиките кажуваат дека минатата година, PSA и FCA заедно продале скоро 9 милиони автомобили. Ако овие преговори резултираат со нов автомобилски ентитет, таа нова групација би била една од најмоќните на планетата.

Интересна гласина која денес се појави, и која потекнува од личност која е запознаена со процесот на преговорите,  уште утре би можел да биде постигнат некаков конкретен договор.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.