full screen background image
Search

Mazda го претстави својот прв целосно-електричен автомобил – MX-30

Првиот целосно-електричен автомобил на Mazda кој ќе влезе во сериско производство се вика MX-30 и користи батерија со капацитет од 35.5 kWh, за вкупна автономија од околу 200 километри.

Од Mazda кажуваат дека MX-30 ќе има автономија од околу 200 километри благодарение на батериски модул со капацитет од 35.5 kWh поставен во подот, а задолжен за задвижување ќе биде електромотор за кој сега за сега ги немаме официјалните спецификации, но според гласини кои се шират тој би требало да нуди околу 140 коњски сили и 270 Nm вртежен момент.

Дизајнот е интересен – особено се кул „Suicide“ задните врати (кои се отвораат наназад, како кај Mazda RX-8), а дизајнот на MX-30 влече инспирација од другите кросовери на брендот – но сепак добиваме автомобил кој се издвојува и од конкуренцијата, и од другите модели на Mazda. Благодарение на e-SkyActiv платформата достапни се многу различни системи за активна и пасивна безбедност, а во кабината добиваме два екрани – еден за мултимедијалниот уред поставен над конзолата, како и еден наменет за контролите за клима-уредот, поставен пред менувачот.

Сега за сега нема информации кога MX-30 би бил пуштен во сериско производство, но од Mazda потврдуваат дека тоа ќе се случи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.