full screen background image
Search

Вечерно Кино: Porsche дизајнира вселенски брод за Star Wars

Се наближува премиерата на финалниот дел на Star Wars сагата, а германскиот бренд во соработка со Lucasfilm работи на дизајнирање на нов вселенски брод кој ќе има улога во понатамошниот развој на Star Wars универзумот.

„Иако навидум световите на Porsche и Star Wars немаат многу заедничко, сепак обата имаат слична дизајнерска филозофија“ – изјави Michael Mauer, кој е на челото на Style Porsche. Тој верува дека ова е одлична насока како за неговиот тим, така и за тимот на Lucasfilm. Porsche Design ќе работи на дизајн за вселенски брод кој ќе го користи дизајнерскиот јазик на Porsche, но ќе се најде во Star Wars универзумот.

Новото вселенско летало дизајнирано од Porsche ќе добие „идна улога во Star Wars галаксијата“, кажуваат од Porsche и нагласуваат дека во следните неколку седмици дизајнерските тимови од Porsche и Lucasfilm ќе се состануваат редовно, како во Штутгард, така и во Сан Франциско со цел да го завршат дизајнот и да подготват вистински модел.

„Со овој проект ги обединуваме двата светови – егзотичниот филмски дизајн на галаксијата далеку, далеку, со прецизната работа која е потребна за да се развие емотивен, Porsche спортски автомобил“ – изјави Doug Chiang, потпретседател и главен креативен директор во Lucasfilm, и додаде дека „оваа колаборација ветува интовативен дизајн кој ќе ги обедени двата брендови за да се креира возбудлив нов вселенски брод достоен за Porsche и Star Wars.“

Заедничкото дело на Porsche и Lucasfilm ќе биде презентирано на премиерата на Star Wars: Rise of Skywalker во Декември. Целиот процес можеме да го следиме и ние самите, на официјалната веб-страница на заедничкиот проект.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Најмоќниот Cayenne е Turbo S E-Hybrid со 680 коњски сили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.