Lexus LF-30 ја прикажува идната генерација на електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus LF-30 ја прикажува идната генерација на електрични возила

Јапонскиот производител го претстави концептот LF-30, кој прикажува иновативни идеи што ќе се употребат во идните електрични модели.

Најзначајниот елемент кој го издвојува електричниот концепт LF-30 од повеќето други електрични автомобили, без оглед дали се тоа сериски модели или концепти, е фактот дека располага со електрични мотори кои се наоѓаат во внатрешноста на тркалата, и испорачуваат комбинирани 536 кс.

Главната предност на оваа одлика е подобреното управување во свиоци, благодарение и на Lexus Advanced Posture Control технологијата, која ја регулира испораката на сила кон секое тркало. Автомобилот може да се вози со преден, заден или погон на сите тркала, во зависност од одбраниот режим и условите на возење.

Уште еден нов елемент кај Lexus LF-30 е идејата за исфрлање на досега неопходните кабли, така што доаѓа со напредна технологија за безжично полнење. Исто така, моделот е опремен со технологија за автономно возење и функција за самостојно паркирање со можност за повикување на автомобилот, слично како системот на Tesla.

Бидејќи електромотрите на концептот се компактни и поставени во тркалата, ослободен е поголем простор во кабината па дизајнерите имале уште поголема слобода во дизајнирање на формата. Како резултат на тоа, моделот се одликува со стаклен покрив кој се протега од над предните тркала се до крајот на задниот дел. Исто така применет е иновативен дизајн со многу засеци на светлосните групи и предната маска.

Во кабината возачот и патниците седат во седишта со футуристички изглед, дизајнирани да ја имитираат „отвореноста“ на авионските седишта во прва класа. Овие седишта исто така содржат вештачка мускучна технологија за да се обликуваат според формата на патникот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.