full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат за половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – цената на дизелот не се менува, но цената на бензините се зголемува за по половина денар.

Малопродажните цени во просек се зголемуваат за 0.22%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 0.50 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 67.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 69.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел и понатаму ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.