full screen background image
Search

Continental WinterContact TS 860 се најдобри зимски пневматици според германскиот Auto Bild

Зимските пневматици на Continental – моделот со ознака TS 860 – освоија победа во тест на германскиот бренд Auto Bild.

Зимските пневматици на Continental продолжуваат да победуваат во споредбените тестови. Најновиот тест е токму во германското списание Auto Bild, каде Continental TS 860 в димензии 225/45 R17 победија на споредбениот тест. Во тестот на Auto Bild учествуваа повеќе од 50 различни модели на зимски пневматици во овие димензии, вклучувајќи и пневматици од брендовите кои се под капата на Continental – Semperit и Uniroyal.

Во рамките на тестирањето, од повеќе од 50 кандидати, само 20 модели поминале во финалето, каде биле тестирани во 14 различни дисциплини – управување на снег, на мокар или влажен коловоз, итн. На самиот врв на тестирањето на Auto Bild се нашле Continental TS 860, додека на второто и третото место завршиле Goodyear UltraGrip Performance и Michelin Aplin 6.

Извор: PR Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.