full screen background image
Search

Тимот позади Peugeot 208 доби Eurostars 2019 награда од Automotive News Europe

Новиот Peugeot 208 веќе почна да освојува награди и признанија – тукушто доби признание од Automotive News Europe.

Guillaume Clerc ја прими наградата „2019 Eurostar“ за Патничко Возило за 2019, која ја доделува Automotive News Europe. Guillaume Clerc воедно е проектен менаџер на новите 208 и е-208, а ја презема наградата во име на Peugeot Product тимот и Laurent Blanchet, кој е на чело на тој тим.

Првата церемонија на Eurostar Awards била одржана во 1998 година. Од тогаш, секоја година Automotive News Europe го наградува автомобилскиот сектор во различни категории за нивните иновации на одредени возила.  Оваа година во категоријата патнички возила, Guillaume Clerc и неговиот тим се добитници на наградата зa новиот PEUGEOT 208.

Жирито го пофали иновативниот карактер на Peugeot 208, прво за неговиот уникатен стил, но исто така и за новата генерација на Peugeot i-Cockpit© која доаѓа со 3D head-up дисплеј во комбинација со опции за помош при возење преземени од повисоките класи.

Новиот 208 е исто така награден за својата нова платформа која е дизајнирана да понуди и возила со внатрешно согорување и електрични верзии. Peugeot 208 ја користи најновата генерација на PSA: CMP (Common Modular Platform) платформата, а нејзината модуларност се огледува во димензиите и моќноста на моторот.

Eurostars 2019 Award,Automotive News Europe, Jumeirah Hotel, Frankfurt, 09.09.19, Foto:Tim Wegner, www.timwegner.de

Со својата мулти-енергетска понуда, им овозможува на своите потенцијални купувачи да одберат помеѓу мотор со внатрешн внатрешно согорување (бензин/дизел) или електрична верзија. Оваа нова платформа помага да се ограничи емисијата на CO2 на новиот Peugeot 208. Токму тоа му овозможува на новиот 208 веќе при самото лансирање да биде достапен со три погони – електричен, бензински или дизел.

Поврзано:   ТУРБО ТЕСТ: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 180 GT-Line - Непогрешливо радикален!

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.