По Scala, Skoda ја престави Monte Carlo изведбата и на Kamiq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

По Scala, Skoda ја престави Monte Carlo изведбата и на Kamiq

Компактниот кросовер на Skoda ќе добие подинамична изведба која ќе ја носи ознаката Monte Carlo.

Skoda неодамна ја претстави Scala Monte Carlo, а денес ја претстави изведбата на Kamiq која ќе го носи истото име. Monte Carlo ќе биде врвната изведба на Kamiq, а според најавеното испоракитe би требало да започнат до крајот на оваа година.

Kamiq Monte Carlo добива црна маска на ладилникот, црни детали на браникот, страничните ретровизори, страничните прагови, кровните носачи, дифузерот и ознаката Skoda на задниот дел. Стандардно во понудата ќе доаѓаат LED задни светла и 17-инчни тркала, а по нарачка ќе бидат достапни и поголеми. Дел од стандардната понуда се и затемнети задни стакла, како и панорамски покрив.

Дизајнерите на Kamiq Monte Carlo се особено горди на ентериерот, каде е посветено навистина многу внимание. Kamiq Monte Carlo добива спортски предни седишта, црвени детали низ кабината, специјални заштитни панели на праговите, како и LED амбиентално осветлување. Дополнително, управувачот, рачката од менувачот и рачката од рачната кочница се обвиени во перфорирана кожа и имаат контрастни црвени опшивки. Како финален детал ќе ги истакнеме и алуминиумските спортски педали, специјалните патосници и црниот тапацир на кровот.

Kamiq Monte Carlo треба да пристигне до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.