ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG ја претстави својата верзија на новиот GLB – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG ја претстави својата верзија на новиот GLB

Новиот Mercedes-AMG GLB 35 ќе ги освојува купувачите со практична конфигурација со седум седишта и моќен турбо-бензинец со 306 коњски сили!

Mercedes-AMG GLB 35 добива 2-литарски турбо-бензинец кој преку сите четири тркала кон асфалтот испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Таа конфигурација му овозможува на интересниот SUV да забрза до 100 километри на час за 5.2 секунди и да продолжи да забрзува сè до електронски-ограничени 250 километри на час.

AMG-верзијата на GLB ќе ја препознаете по AMG Line пакетот кој вклучува редизајнирани браници, странични прагови и заден спојлер, но добива и Panamericana предна маска на ладилникот, сребрен преден сплитер, голе заден дифузер и спортски издувен систем. Ќе добиете и заден спојлер, но и интересни 19-инчни тркала (а доколку се чувствувате храбри, на располагање се тркала со дијаметар до 21 инч).

Механичките модификации вклучуваат AMG-нагодена суспензија, подобрени сопирачки со 350-милиметарски дискови на предните тркала и 330 милиметарски дискови на задните тркала, рекалибрирано управување и уште неколку ситници. Кабината добива спортски седишта, спортски управувач и мал милион спортски детали. Продажбата се очекува да започне до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.