ПРЕМИЕРА: Škoda Scala Monte Carlo ја истакнува привлечната и динамична страна на Scala – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Scala Monte Carlo ја истакнува привлечната и динамична страна на Scala

Чешкиот бренд ја зајакнува понудата на Scala со новата Monte Carlo изведба – црните детали и спортскиот ентериер ги истакнуваат динамичните карактеристики на чешкиот хечбек.

Scala Monte Carlo ќе ја препознаете по многуте црни детали – црни се маската на ладилникот и предниот сплитер, како и SKODA ознаката на вратата од багажникот. Дполнително, црни се страничните прагови, ретровизорите, 17 или 18-инчните тркала и уште некои ситни детали. Сето ова на Scala и дава интересен и различен лик. Секоја Scala Monte Carlo ќе добие SunSet затемнети задни стакла, панорамски кров и црн заден спојлер. Сликата е комплетирана со црн заден дифузер и LED задни светла.

Кабината добива спортски седишта со интегрирани наслони за главата, специјални Monte Carlo материјали, како и специјални декоративни елементи за инструментите. Спортскиот управувач е обложен во перфорирана кожа, а насекаде низ ентериерот ќе забележите контрастни црвени опшивки. Црвената боја е искористена и за LED амбиенталното осветлување во просторот за нозете, на централната конзола и во просторите за одлагање ситници во вратите. Измените во ентериерот се заокружуваат со специјалните патосници, декоративните елементи на праговите, алуминиумските педали и црниот тапацир на кровот.

Scala Monte Carlo ќе може да се нарача со било кој мотор со кој се нуди Scala, a се очекува да пристигне во салоните во последната четвртина од оваа година. Ние неодамна ја возевме Scala опремена со одличниот 1-литарски TSI турбо-бензинец со 115 коњски сили. Погледнете го нашиот тест.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.