ПРЕМИЕРА: Cupra Tavascan е концепт за електричен спортски SUV со 306 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Cupra Tavascan е концепт за електричен спортски SUV со 306 коњски сили

Cupra со новиот Tavascan јасно и гласно ги кажува своите намери кога станува збор за електричните возила – тие доаѓаат, и ќе изгледаат одлично!

Концептот е поставен на MEB платформата на Volkswagen и користи три електромотори – два на предната оска и трет на задната. Овие електромотори во комбинација со литиум-јонски батериски модул со капацитет од 77 kWh овозможуваат вкупно 306 коњски сили и забрзување до 100 километри на час за 6.5 секунди, како и автономија од 450 километри со едно полнење.

Инаку, Tavascan (името доаѓа од мало село во Шпанија) ќе ги освојува купувачите со супер-модерен и остар дизајн. Агресивниот лик продолжува кон флуидна и динамична форма, а иако некои од деталите асоцираат на SEAT, ќе признаеме дека концептот има навистина уникатен лик. Браво!

Во кабината има четири индивидуални спортски седишта, голем 12.3-инчен панел со инструменти и 13-инчен панел за мултимедијалниот уред. Tavascan ќе биде официјално претставен следната седмица во Франкфурт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.