Утринска Гимнастика: Porsche слави 20 години на 911 GT3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Porsche слави 20 години на 911 GT3!

Porsche го претстави првиот 911 GT3 на Саемот на Автомобили во Франкфурт во 1999 – и 20 години подоцна, токму оваа ознака е меѓу најпосакуваните кај фановите на 911!

Првиот Porsche 911 GT3 дојде со 3.6-литарски боксер со 360 коњски сили, шест-степен мануелен менувач, ревидирана суспензија и многу, многу други измени. Со легендарниот Walter Rohrl зад управувачот, првиот 911 GT3 беше еден од првите сериски возила кои го „завртеа“ Nurburgring за помалку од 8 минути. Во 2003, 911 GT3 доби освежување – а со тоа моќта се искачи на 381 коњска сила.

Неколку години подоцна пристигна првиот GT3 од 997 генерацијата, кој го задржа 3.6-литарскиот боксер, но во таа конфигурација тој испорачуваше 415 коњски сили. Освежената верзија доби 3.8-литарски боксер со 435 коњски сили и „црвено“ од 8500 вртежи во минута.

911 GT3 од 991 генерацијата беше претставен во 2013, и го доби истиот 3.8-литарски боксер, но со 475 коњски сили и црвена зона од 9000 вртежи во минута, активно управување на задната оска и 7-брзински PDK менувач. Конечно, освежениот 991.2 911 GT3 доби 4-литарски боксер кој испорачува 500 коњски сили и многу, многу тркачки модификации…

Сега за сега немаме информации кога ќе биде претставена најновата верзија на GT3, но со оглед на 20-годишнината и Саемот на Автомобили во Франкфурт во Септември…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.