Tushek TS 900 H Apex доаѓа од Словенија и напаѓа со 950 хибридни коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tushek TS 900 H Apex доаѓа од Словенија и напаѓа со 950 хибридни коњски сили!

TS 900 H Apex е дело на производителот Tushek – а користи хибриден погон кој комбинира мотор со внатрешно согорување и два електромотори за вкупно 950 коњски сили и преку 1400 Nm вртежен момент!

Според Tushek, хибридниот погон со неговите 950 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент овозможуваат максимална брзина од 380 километри на час и катапултирање од 0 до 100 километри на час за помалку од 2.5 секунди. Понатаму, кажуваат дека нема никакво „доцнење“ во испораката на сила – туку испораката е инстантна.

Моторот е 4.2 литарски компресорски V8, а по еден електромотор е поставен на секое од предните тркала. Од Tushek кажуваат дека TS 900 H APEX можеби не е најмоќниот хибриден супер-автомобил на патиштата, но е најлесниот благодарение на супер-напредните материјали кои се користени – па автомобилот тежи само 1410 килограми. Автомобилот носи Pirelli Trofeo Series R пневматици со во димензии 235-35 на предните тркала и 305-30 на задните, а сопирачките доаѓаат од Brembo.

Aljosa Tushek, основачот на Tushek изјави дека „тимот на Tushek е пресреќен повторно да се појави на Salon Prive. Изминативе години интензивно работевме и дојдовме до напредни технолошки решенија за нашиот нов модел – TS 900 H APEX – особено во поглед на електричниот погон. Овие технологии сега се користат во нашиот најнов модел и се успешно тестирани на тркачките патеки.“

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.