Peugeot подготви специјален 3008 за теренски предизвици во Виетнам – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot подготви специјален 3008 за теренски предизвици во Виетнам

Иако нема погон на сите четири тркала, супер-популарниот Peugeot 3008 покажа дека може да се справи со предизвиците на теренско возење во Виетнам.

Оваа уникатна верзија на Peugeot 3008 беше подготвена специјално за тимот на Top Gear Magazine од Обединетото Кралство, а тие го однесоа францускиот SUV на Хо Ши Мин патот кој минува низ Виетнам.

Основа за оваа специјална верзија е Peugeot 3008 GT-Line опремен со 1.6-литарски PureTech бензинец, а меѓу додатоците набројуваме 17-инчни челични тркала обвиени во Cooper AT3 теренски пневматици, заштитни панели, кровен багажник со LED осветлување и шатор, заден носач за велосипеди, и уште мноу други ситници.

Според David Peel, директорот на Peugeot UK, „Овој уникатен модел ги покажува практичноста и теренските способности на нашиот најпопуларен SUV, и со прилично едноставни модификации 3008 успеа да покори груб терен и да ја покаже ефективноста на Advanced Grip Control технологијата на Peugeot.“ Advanced Grip Control технологијта му овозможува на Peugeot 3008 – кој иако нема погон на сите четири тркала – да може да надмине вистински теренски предизвици. Тоа го прави преку петте различни режими на работа на системот за контрола на тракцијата – Normal, Snow, Mud, Sand и ESP Off.

Ние веќе добро го познаваме францускиот SUV. Погледнете го нашиот тест на Peugeot 3008.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.