full screen background image
Search

Renault размислува да го намали уделот во Nissan само за да успее договорот со FCA

Wall Street Journal пренесува дека францускиот бренд е подготвен да го намали уделот кој го има во Nissan за на некој начин да ги рестартира преговорите за спојување со FCA.

WSJ не наведува конкретни извори, кажуваат дека информациите се добиени од интерни e-mail пораки, како и од луѓе кои се запознаени со проблематиката и обидите на Renault да ги продолжи преговорите за спојување со FCA. Како што веќе знаеме, FCA неодамна му понуди спојување на Renault (и тие разговори дојдоа до прилично напредна фаза) но на крај обидот не успеа заради негативен став токму од Nissan.

Според Wall Street Journal, ваквиот потег би бил направен за да се постигне подобар баланс во односите меѓу Renault и Nissan – Renault е сопственик на 43.4 проценти од Nissan, a Nissan (иако е поголема компанија) е сопственик на само 15 проценти од Renault.

Сега за сега нема никакви официјални реакции ниту од Nissan, ниту од Renault, но бидејќи челници на FCA и Renault веќе неколку пати кажаа дека се подготвени да се рестартираат преговорите, не би биле изненадени доколку ова навистина се случи. Доколку Renault одлучи да го намали своето учество во Nissan ќе треба прво да добие одобрување од француската влада (која е сопственик на 15% од компанијата).

Според познавачи на ситуацијата, можно е веќе во Септември да биде потпишан иницијален меморандум за соработка меѓу двете компании. Мајк Менли, извршниот директор на FCA пред само неколку денови изјави дека верува дека спојувањето може да има огромен бенефит за двете компании и кажа дека „е одлична можност за нас, а веруваме дека е одлична можност и за Renault.“

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Renault ја претстави втората генерација на супер-успешниот Captur


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.