full screen background image
Search

Mazda 2 добива обновување на екстериерот и нови технологии

Јапонскиот производител го претстави освежениот градски компакт, кој ќе започне со продажба од следната година.

Mazda 2 е редизајнирана по примерот на Mazda CX5, а како резултат на тоа добива изменета решетка со хромирана рамка која се протега под целата ширина на целосно адаптивните предни LED светла. Исто така, се забележува промена на предниот браник, со отвор за воздух широк од едниот до другиот крај, со вметнати хромирани украси.

На задниот дел од автомобилот измените го опфаќаат задниот браник, каде долната црна заштитна пластика е со намалена висина, но украсена со хромирани детали, додека задните светла добиваат нова графика.

Во кабината новостите се ограничени на редизајнирани предни седишта и повеќе бои за материјалите. Инженерите исто така инсталирале дополнителен материјал за звучна изолација, ретровизорско стакло со автоматско затемнување и Mazda Connect мултимедијален систем со компатибилност за Android Auto и Apple CarPlay.

Обновената Mazda2 ќе може да се добие со 1.5-литарски безински агрегат со 75 или 90 кс, усогласен со шест-степен мануелен менувач, а како опција ќе се нуди и шест-степена автоматска трансмисија за посилната варијанта.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.