full screen background image
Search

Hyundai најавува мистериозен нов модел за Европа

Hyundai преку фотографија најави дека подготвува новитет со кој ќе се обиде да земе што е можно поголемо учество на Европскиот пазар.

Фотографијата е објавена од Европскиот оддел на Корејскиот производител и странично прикажува Ц-столб од автомобил, со краток поглед кон задното светло. Од тука можеме да заклучиме дека новиот модел ќе има „лебдечки“ кров, со закривена линија на прозорците, која се приближува нагоре кон покривот, а потоа се спушта поблиску до светлото.

Според зборовите на претставниците од Hyundai, новитетот ќе дојде со нов дизајн на ентериерот и екстериерот, како и нови системи за поврзаност и безбедност. Покрај овие детали, не е познато ништо друго за моделот, но бидејќи неодамна Hyundai го претстави малиот кросовер Venue во САД, а нема планови истиот да го донесе и на Европскиот континент, претпоставуваме дека ова ќе биде негова замена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.