Најбрзиот блиндиран автомобил во светот е Тјуниран Audi RS7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најбрзиот блиндиран автомобил во светот е Тјуниран Audi RS7

Компанијата AddArmor го претвори спортскиот и луксузен модел на Audi во најбрзото блиндирано возило кое постои во светот.

Вообичаено блиндираните возила се големи седани или SUV модели кои се подеднакво “забавни“ за возење како меѓуградски автобус. AddArmor создаде нешто сосема поинакво – Тјуниран Audi RS7 Sportback со максимална брзина од 325 км/ч!

Ова е постигнато со надградба на погонската единица, благодарение на пакет за засилување на перформансите од APR. Тој му помогнува на 4.0-литарскиот V8 твин-турбо агрега да испорача 760 кс и 1,085 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на автомобилот да се лансира од 0-100 км/ч за само 2.9 секунди.

AddArmor не сакале да ги влошуваат импресивните перформанси, па тие користеле поликарбонатна плетка, која е 10 пати посилна од балистичкиот челик иако тежи 60% помалку. Компанијата исто така инсталирала специјални прозорци направени од повеќеслојна мешавина од поликарбонатно и балистичко стакло.

Како резултат на тоа, блиндирањето на автомобилот му додало дополнителна тежина од само 91 килограм и ги заштитува патниците со Европскo Б4 ниво на заштита. Тоа значи дека моделот обезбедува заштита од помало оружје, вклучувајќи куршуми од .44 Magnum.

Специјалниот RS7 Sportback може слободно да се квалификува и за следен автомобил на Џејмс Бонд бидејќи има вграден систем за распрскување на пепер спреј, систем за испуштање „облак од чад“, и „соничен звучен топ“. Моделот исто така има светла за ослепување, run-flat пневматици и рачки на вратите со електричен шок. Последните системи со кои располага автомобилот се систем за детекција на експлозивни мини, камера за ноќно гледање со опсег од 360 степени, како и систем за детекција на штетен гас, заедно со воздушни резервари за свеж воздух и заштитни гас маски за патниците во ентериерот.

Доколку ситуацијата излезе од контрола, предниот дел на моделот може да се користи за да се отстранат препреки од патот без оштетување на ладилникот. На крај, тука се и биометрички држачи за оружје во багажникот, кои можат да држат пиштоли и автоматски пушки. Ако морате да ги извадите нив од багажникот, автомобилот автоматски ќе ја извести полицијата за вашата ситуација.

Блиндираниот Audi RS7 е пуштен во продажба и чини 205,000 долари, што е всушност околу 90,000 долари повеќе од стандардниот модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.