ПРЕМИЕРА: BMW Серија 3 Touring – Динамичност и практичност – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW Серија 3 Touring – Динамичност и практичност

BMW тукушто ја претстави караванската изведба на новата Серија 3 – која доаѓа со сета динамичност на одличниот спортски седан, но сега може да проголта меѓу 500 и 1510 литри во багажникот!

Бидејќи се работи за караван – ајде прво за најважното. Благодарение на караванската форма, 3 Series Touring може да собере 500 литри во багажникот кога задите седишта се исправени, а кога ќе ги спуштите таа бројка расте на пештерски 1510 литри. Секако, добивате автоматско отворање на вратата од багажниот, а самиот багажен простор е цели 112 милиметри поширок во однос на минатиот модел.

Всушност, целиот автомобил е поголем во однос на минатиот – караванот сега е долг 4709 милиметри, широк 1872 милиметри и висок 1470 милиметри. Меѓуоскиното растојание е 2851 милиметар, а приказната за практичноста ја дополнуваат кровните носачи, кои се дел од стандардната опрема.

Во зависност од пазарот, ќе можете да одберете меѓу три турбо-бензински или три турбодизел мотори. Бензинците доаѓаат во форма на 32oi со 184 коњски сили, 330i со 258 коњски сили и врвниот M340i xDrive Touring кој користи мотор со шест цилиндри и 380 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, тука е 318d со 150 коњски сили, како и 320d со 190 коњски сили, а на самиот врв е 330d со 265 коњски сили. Само првите два дизели можат да се добијат со мануелен менувач, додека сите други верзии ќе се нудат само со 8-брзински Steptronic автоматски менувач.

Продажбата официјално ќе започне во Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.