full screen background image
Search

Студентите во Skoda го подготвуваат Mountiaq

Студентите во стручното училиште на Skodа подготвуваат пик-ап базиран на Kodiaq – кој ќе се вика Mountiaq и ќе користи 2-литарски турбо-бензинец со 190 коњски сили!

Студентите се водени од страна на искусни експерти од одделите за Дизајн, Технички Развој и Производство на чешкиот бренд. Работата на овој уникатен автомобил започна минатиот Септември, а ќе биде претставен наскоро. Mountiaq е всушност пикап со две врати и влече инспирација од предизвиците на теренското возење.

Шасијата на Kodiaq била дополнително зацврстена и скоро сите панели од каросеријата се изменети. Многу индивидуални компоненти биле изменети, а многу се направени „од нула“. Според студентите, еден од најголемите предизвици било креирањето на функционална и практична врата за „товарниот дел“.

Од Skoda кажуваат дека Mountiaq ќе има 10 сантиметри повеќе дистанца од подлогата во однос на Kodiaq Scout, како и 17-инчни тркала обвиени во теренски пневматици. Дополнително ќе добие и друга теренска опрема – цевка за дишење, бул-бар, светла на кровот и уште многу други ситници. За придвижување е задолжен 2-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 190 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.