full screen background image
Search

Регулаторна повторно активна – објавени новите цени на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика е повторно активна – и веќе ги знаеме новите највисоки малопродажни цени на горивата во Македонија.

Во согласност со новата методологија која РКЕ ја користи за пресметка на цените, новите малопродажни цени се намалуваат во просек за 0.97%.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.00 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 64.00 денари. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1.00 денар за литар, и овие горива ќе чинат 71.00, односно 73.00 денари за литар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.