full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio поставува рекорди на три легендарни тркачки патеки!

Погледнете како моќниот супер-SUV на Alfa Romeo поставува рекорди на Silverstone, Brands Hatch и Donnington!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio продолжува да „реди“ рекорди! По поставеното рекордно време на Nurburgring во Септември 2017, сега италијанскиот бренд го однесе својот супер-SUV на легендарните Silverstone, Brands Hatch и Donnington Park.

Од Alfa Romeo кажуваат дека автомобилот во кој се поставени рекордите бил целосно стандарден и со тоа Stelvio е првиот сериски SUV кој има псотавено рекорд на овие патеки. Зад управувачот бил професионалниот возач David Brise, а во негови раце Stelvio Quadrifoglio постави време од 55.9 секунди на Brands Hatch Indy патеката, 1 минута и 21.1 секунда на Donnington Park и 2 минути и 31.6 секунди na Silverstone.

Погледнете!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.