Одличен старт на годината за Citroën – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Одличен старт на годината за Citroën

Францускиот производител се пофали со одличен почеток на оваа година – Citroën бележи пораст на продажбата од дури 5.8%!

Citroën во првиот квартал од 2019 година постигна исклучителен успех во Европа во однос на регистрирани патнички и лесни комерцијални возила.

Од 12-те најголеми автомобилски брендови на европскиот пазар, Citroën е марка која од почетокот на годината забележа најголем раст. За патнички возила, Citroën е единствен бренд во тие топ 12 кој воопшто бележи некаков раст – и тоа за 5.8%. Тоа е уште поимпресивно ако напоменеме дека пазарот на автомобили во Европа на почетокот на оваа година всушност кој бележи пад од -3.2%. Citroën во неколку европски земји забележа двоцифрен пораст во продажбата на патнички возила:

  • Франција (најголемиот пазар на Citroën во Европа): + 10,3%
  • Обединетото Кралство (четвртиот пазар по големина): + 16,8%
  • Данска (седмиот пазар по големина): + 26,8%
  • Португалија (осмиот пазар по големина): + 15,4%

Со ова Citroën доби 0,3 поени во пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила споредено со првиот квартал од 2018 година. Пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила на Citroën дури и се зголеми за +0.6 поени во Франција, со што достигна 11.8%, +0.6 поени во Шпанија достигнувајќи 7.4% (третиот пазар по големина) и + 0.3 поени во Италија достигнувајќи до 5.3% (втор пазар по големина).

Овие одлични резултати му овозможија на Citroën да освои повисоко место во рангирањето помеѓу брендовите, и да се искачи од 8-мата на 7-мата позиција. Најпродаван модел на Citroen е новиот и супер-фанки C3 кој е продаден во скоро 40.000 примероци во првите два месеци.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.